Голем инцидент се случи синоќа на натпреварот од осмото коло на хрватското првенство, меѓу Шибенка и Динамо Загреб.
Шибенка на домашен терен го победи Динамо со 82-75, но натпреварот го одбележа тепачката што се случило непосредно по завршувањето на мечот. Дојде до тежок инцидент кој го почнаа Јосип Јукиќ од домашниот и Карло Микшиќ од гостинскиот тим. Почнаа со туркање и фаќање за врат, но брзо потоа почнаа да си разменуваат удари, па се вклучија и останатите играчи од двете екипи.
Sramotna tuča… pic.twitter.com/dPgR6BF3WS
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 9, 2024
Во туркањето и тепањето, групата играчи дојде блиску до трибината што беше можност и гледачите од првите редови да удрат по некој бокс или шлаканица по гостинските кошаркари.


