Иако е отпишан во борбата за пласман во плејофот, тимот на Хјустон Рокитс одигра максимално ангажирано во дуелот со Далас, па тексашкото дерби се претвори во натпревар на сезоната во досегашниот дел од НБА лигата.
Победи Далас со 147-136 по продолжение, но конечниот исход апсолутно не кореспондира со она што се случуваше на теренот. По се што видоа љубителите на кошарката, Хјустон заслужи да победи бидејќи водеше во целиот тек на мечот и играше максимално ангажирано, без оглед на фактот што за една недела почнува одморот за неговите кошаркари.

Неверојатно е и она што се случи во последните десетина секунди. Рокитс водеа со три разлика (129-126) и промашија три слободни фрлања, последните две на Џабари Смит. На Далас му останаа неколку секунди за акција од својата половина, се чинеше дека Дончиќ ќе решава, но Словенецот го програ Данте Ексум, а овој погоди тројка со звукот на сирената за продолжение на натпреварот.

Во дополнителните пет минути му немаше спас на Хјустон, сите играчи на домашниот тим почнаа да погодуваат од далечина, па на крајот Далас дојде и до двоцифрена победа, 10. за овој тим на последните 11 натпревари. Кајри Ирвинг заврши со 48 поени, а штета е што Дончиќ остана за еден скок покус од нов трипл дабл (37 поени, 11 асистенции и 9 скока). Кај Хјустон се истакнаа Брукс со 29 и Ванвлит со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Далас – Хјустон 147-136
ЛА Клиперс – Кливленд 120-118
Индијана – Мајами 117-115
Бостон – Портланд 124-107
Шарлот – Оклахома 118-121
Орландо – Чикаго 113-98
Феникс – Њу Орлеанс 105-113
Торонто – Вашингтон 130-122
Милвоки – Њујорк 109-122
Сан Антонио – Филаделфија 126-133
Бруклин – Сакраменто 77-107
Голден Стејт – Јута 118-110
ЛА Лејкерс – Минесота 117-127


