Мала мешаница се случи пред полувремето од денешниот натпреварот меѓу Македонија и Исланд во борбата за опстанок на Европското првенство во Полска.
Исланѓаните на полувреме заминаа со предност од 46-38, а серијата што ја направија во финишот, која и ги донесе до високата предност, очигледно предизвика еуфорија кај нив.
Пред се кај Кристјан Инглофсон кој погоди тројка со звукот на сирената, а потоа со прстите гестикулираше пукање кон нашиот кошаркар Андреј Шошкиќ. Македонскиот репрезентативец луто реагираше, се стрча кон него, дојдоа и некои од останатите кошаркари, но судиите спречија поголем инцидент и не им дозволија на македонските репрезентативци да се повлечат во соблекувалната додека таму не заминат Исланѓаните.


