Док Риверс го претрпе третиот пораз во четвртиот меч како тренер на Милвоки откако ноќеска загуби на гостувањето кај Јута со 108-123.
Три четвртини неговиот Милвоки доминираше и имаше двоцифрена предност, највисоката од 19 разлика, за тотално да колабира во последниот квартал. Финалните 12 минути ги доби домашниот тим со 40-13 за конечен триумф и тоа убедлив. Со тоа, тимот од Солт Лејк Сити ја прекина серијата од три порази, но затоа му ја продолжи кризата на Милвоки.
Јанис Адетокунбо одигра уште еден одличен натпревар и постигна 33 поени, 13 асистенции и 7 скока, но немаше помош од соиграчите. Кај Јута, Лаури Марканен постигна 21 поен, а Џорџ оствари дабл-дабл со 19 поени и 10 скока.
И покрај поразите, Милвоки остана на третата позиција на Истокот (33/17), но со повеќе победи од второпласираниот Кливленд (31/16). Јута е десетта во Западната конференција со биланс од 25 победи и 26 порази.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Орландо 99-111
Вашингтон – Феникс 112-140
Мајами – ЛА Клиперс 95-103
Шарлот – Индијана 99-115
Бостон – Мемфис 131-91
Оклахома – Торонто 135-127
Минесота – Хјустон 111-90
Јута – Милвоки 123-108
Денвер – Портланд 112-103


