Големото дерби на македонската кошарка, одиграно синоќа во Кале, го одбележа 85-минутниот прекин, предизвикан од навивачите.
По 73 секунди игра во втората четвртина и при водство на МЗТ Скопје од 30-13, на теренот полетаа петарди кои ги исплашија играчите и официјалните лица и тие, сосема нормално, се повлекоа во соблекувалните. Нешто подоцна, беа фрлени и факели кои завршија на трибината каде се наоѓаа гостинските фанови, но и новинари и гости во свечената ложа.
По сето ова, јасно е дека ќе има многу работа за комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ кој треба да ги посочи виновниците за инцидентот и соодветно да ги казни.


