Екипите на Сакраменто и Мајами ги продолжија победничките серии, на крилјата на Домантас Сабонис и Никола Јовиќ.
Репрезентативецот на Литванија одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс, а Сакраменто славеше со 111-109 за трет триумф во низа што го доближи до тимовите кои се во плејин зоната. Сабонис го заврши мечот со 32 поена и 20 скока, но во првото полувреме постигна 20 поени и 12 скока со што стана само трет кошаркар во историјата на франшизата кому му успеало такво нешто. Претходно, ваков ефект имаа само Демркус Казнс три пати и Крис Вебер.
Минутажа ноќеска конечно доби и Никола Јовиќ кој не беше повреден, но на претходните осум меча воопшто не влезе во игра. Последен пат играше на 25 ноември против Далас, а Ерик Сполстра одлучи да го пушти на терен во моментите кога Мајами имаше голема негатива против Торонто. Јовиќ ја искористи минутажата, беше иницијатор на пресвртот во втората четвртина и 11 од своите 14 поени постигна во првото полувреме.
Мајами славеше со 114-104 за четврта победа во низа и петто место на табелата во Источната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Детроит 123-99
Мајами – Торонто 114-104
Њу Орлеанс – Сакраменто 109-111


