Екипата на Мажеикиаи, чиј тренер е македонскиот стручњак Никола Василев, ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари на домашен терен откако го совлада Јувентус со 73-71.
Ако на последните два меча, доживеа минимални порази во неизвесни завршници, од Лиеткабелис и Нептунас, сега тимот на Василев славеше со кош во последната секунда. Стрелец беше Камау Стоукс кој ја круниса подобрата игра на Мажеикиаи имајќи предвид дека домашниот тим речиси цел меч беше во водство.
Сепак, херој на Мажеикиаи беше Мартинас Палиукенас кој остана на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 16 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Со оваа победа, Мажеикиаи остана во игра за шестата позиција на табелата по основниот дел со што би ги избегнал литванските гиганти Жалгирис и Ритас во првата рунда од плејофот.


