Шампионот Денвер Нагетс ја победи Минесота со 116-107 во директниот дуел за пласман на челната позиција во Западната кокнференција, на два меча пред крајот на основниот дел од сезоната.
До крајот, на тимот од Колорадо му остануваат уште дуелите со Сан Антонио и Мемфис на кои ќе биде голем фаворит и треба само да го завери првото место пред плејофот. И повторно најдобар играч на мечот беше Никола Јокиќ кој уште еднаш ги истакна своите лидерски способности.
Натпреварот го заврши со 41 поен, 11 скока и 7 асистенции, со фантастичен шут од игра од 75% (16/20). Клучна беше последната четвртина на чиј почеток беше 84-84, за потоа Денвер да отиде на 110-94 и да ги реши сите дилеми околу победникот.
Покрај Јокиќ, се истакнаа уште Џамал мареј со 20 и Мајкл Портер со 18 поени. Кај Минесота, најефикасен беше Едвардс со 25 поени, а Конли додаде 13.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Мемфис 110-98
Атланта – Шарлот 114-115
Бруклин – Торонто 106-102
Мајами – Далас 92-111
Милвоки – Орландо 117-99
Оклахома – Сан Антонио 127-89
Денвер – Минесота 116-107
ЛА Клиперс – Феникс 108-124


