Новак Ѓоковиќ во Лос Анџелес се подготвува за Мастерсот во Индијан Велс, па ја искористи можноста синоќа да го проследи историскиот натпревар меѓу Лејкерс и Денвер на кој Леброн Џејмс ја проби границата од 40 илјади поени во кариерата, како прв кому му успеало тоа.
Меѓу другото, по подолго време тој се сретна со својот сонародник и голем пријател Никола Јокиќ кој повторно беше најдобар на натпреварот и заврши со 35 поени, 10 скока и 7 асистенции.
Друштво на Ѓоковиќ му правеше уште една српска кошаркарска легенда – Владе Дивац кој му е домаќин на тенисерот во Калифорнија и со него во текот на неделата присуствуваше и на фудбалски натпревар.


