Бостон Селтикс синоќа го победи Феникс со 127-112 и стана прва екипа сезонава што обезбеди пласман во плеј-офот, на 16 натпревари пред крајот на основниот дел.
Покрај ова, Селтикс веројатно ќе влезат во плејофот од првата стартна позиција бидејќи нивната предност во однос на останатите екипи е голема. На дуелот со Феникс, убедливо најдобар играч беше Џејлен Браун со 37 поени, Џејтон Тејтум додаде 26, а двајцата заедно постигнаа 43 од вкупно 65 поени на Бостон во првото полувреме.
Кај Феникс, кој вторпат оваа недела загуби од Бостон, најефикасни беа Девин Букер со 23 поени, Бредли Бил додаде 22, а Дурант и Ален по 20.
Феникс се уште е далеку од обезбедување плеј-оф, но има изгледни шанси за такво нешто затоа што се наоѓа на седмата позиција на Западот со биланс 38/28.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Феникс 127-112
Чикаго – ЛА Клиперс 111-126
Хјустон – Вашингтон 135-119
Милвоки – Филаделфија 114-105
Оклахома – Далас 126-119
Портланд – Њујорк 93-105


