Суперстарот на Денвер, Никола Јокиќ е решен да освои уште една шампионска титула во НБА лигата.
Страста со која ги игра натпреварите потсетува на деновите од пред две години кога Нагетс триумфираа. Тимот од Колорадо направи тренерска смена пред крајот на основниот дел од сезоната, но јасно е дека конците таму не ги влече Дејвид Аделман, туку Никола Јокиќ.
Jokić trying to get the guys going in Game 1 👀 pic.twitter.com/aJ2Kucf1Ml
— NBA (@NBA) May 6, 2025
На синоќешниот меч против Оклахома, Денвер долго време беше во голема негатива, а за да ги разбуди своите соиграчи, Србинот дури згрме на еден тајмаут. Очите на останатите кошаркари на Денвер беа вперени кон човекот кој во моментов е буквално се во екипата.


