Синоќа во Детроит се сретнаа Пистонс и Сиксерс во рамките на НБА лигата, а она што се случи пред натпреварот беше исклучително интересно за бројната македонска заедница во најголемиот град во Мичиген.
Свој настап имаше Културно уметичкото друштво „Танец“, во рамките на Вечерта на македонското културно наследство, а членовите на оваа група се претставија со неколку ора.
Огромно беше задоволството кај сите Македонци кога во Литл Кајзарс арената почнаа да ечат голем број македонски народни песни, меѓу кои и „Македонско девојче“, проследено со оро низ целиот терен.


