Пред синоќешниот натпревар против Оклахома Сити Тандер, Денвер Нагетс му оддаде последна почит на својот поранешен кошаркар Дикембе Мутомбо кој почиуна на 30 септември.
На големиот екран во арената беше пуштено видео во чест на Конгоанецот кој во 1991 година беше избран како четврти пик од Нагетс и таму ги помина првите пет сезони во својата кариера. Во сеќавањето на Мутомбо се вклучија и навивачите кои му упатија последен поздрав со 55-секундни стоечки овации, како симболика на бројот кој го носеше центарот во својата кариера.
The Nuggets tribute to Dikembe Mutombo 🥹 pic.twitter.com/aBOROJm7cv
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) October 25, 2024
Во 2009 година, Денвер го повлече од употреба бројот 55 во чест на Мутомбо, а во 2015 година тој беше примен во Куќата на славните на НБА.


