Турскиот првак Фенербахче доживеа неочекува пораз, дури и дебакл во третото коло од Евролигата откако на домашен терен загуби од Црвена Звезда со 19 разлика.
Во првите два круга, тимот од Истанбул ги победи Олимпијакос и Анадолу Ефес, па затоа овој пораз дополнително звучи како сензација. Одамна Фенер не бил запрен на само 57 поени на домашен терен, особено не од тим кој не е во кремот на Евролигата.
Сретноооооо
— Гилти Сигурдсон 🔴 (@SiggySwans) October 15, 2024
Назимееееее pic.twitter.com/H4g8pYGlcV
Сето тоа ги изнервира навивачите од кои голем дел не го дочекаа крајот на натпреварот, туку ги напуштија трибините во завршните минути. По мечот, на тоа се осврна и Шарунас Јасикевичиус кој рече дека со ваква игра и тој да бил во публика – ќе си заминел.


