Неполни 24 часа откако доби отказ од Шарлот Хорнетс, Дуејн Вашингтон се врати во тимот на Партизан, без да чека да измине пропишаниот рок до кога друг НБА тим може да го потпише како слободен играч.
Утринава, Американецот им се приклучи на своите соиграчи во Мадрид, каде што вечер Партизан му гостува на Реал. Вашингтон нема да игра на овој меч, веројатно ни во текот на викендот во АБА лигата, но се очекува да биде во тимот идната недела кога Партизан го очекуваат две кола во Евролигата до кога треба да се средат административните работи со оглед на тоа што тој за да замине во Шарлот, го раскина договорот со Партизан.
Тој беше отсутен од тимот едвај една недела бидејќи последниот меч во „црно-белиот“ дрес го одигра на 2 октомври против Спартак во Суботица.


