Лошата сезона во Евролигата очигледно оставија траги врз навивачите на Црвена Звезда кои својот гнев го изразија на денешниот натпревар против Студентски Центар.
„Црвено-белите“ се мачеа и бркаа негатива во најголем дел од мечот за на крајот, благодарение на неколку тројки да направат пресврт и да дојдат до победата. Немоќта во првите три четвртини толку ги изнервира фановите што долго време во белградската Арена можеше да се слушне „Управа, надвор“.
Ова не се случува често на натпреварите на Црвена Звезда имајќи предвид дека екипата доминираше во домашната и регионалната кошарка последната деценија. Сепак, по се изгледа дека фановите бараат нешто повеќе од тоа, а засега нема знаци дека желбите можат да се остварат.


