Неколку судиски одлуки во последните моменти од мечот меѓу Црвена Звезда и Жалгирис предизвикаа огромен револт кај домашните навивачи.
И пред последниот звук на сирената, на теренот полетаа предмети при што прекинот траеше една минута додека официјалниот спикер ги молеше присутните да се смират. Сепак, тоа беше ништо во споредба со она што се случуваше по завршувањето на натпреварот.
Додека судиите одеа кон соблекувалните, кон нив летаа предмети, еден навивач дури им се внесе в лице, па арбитрите мораа да го напуштат теренот со помош на обезбедување, Искинат беше дури и тунелот кој води кон соблекувалните.
Навивачите беа особено бесни поради две одлуки: неспортскиот прекршок на Јаго дос Сантос и недосудената вратена топка во задно поле од Еванс.


