МЗТ Скопје има богатство во своите редови во еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Војдан Стојановски.
На неговите плеќи е остварен денешниот убедлив триумф во првиот четвртфинален натпревар од АБА 2 лигата затоа што одигра извонредно во клучните моменти, како во нападот, така и во одбраната. Постигна 21 поен и беше прв стрелец на натпреварот, уште еднаш потврдувајќи ја својата класа.
За да биде уште послатко, токму Војдан стави точка на мечот со тројка со истекот на времето за големи +16 за МЗТ Скопје пред реваншот во БиХ идната недела.


