Младиот центар на Далас, Дерек Лајвли на потешкиот начин сфати дека никогаш не треба да се обложува против Лука Дончиќ.
Тој го предизвика Словенецот дека нема да погоди од голема далечина, речиси цел терен, но Дончиќ погоди и, како што рече, добил 100 илјади долари од него. Во бесот од загубениот облог, Лавјли со погоди својот соиграч со маичка во грбот, но Лука не се ни осврна на тоа, задоволен од добивката.
Подоцна Дончиќ ја објави целата сторија на Инстаграм каде и соопшти дека без пот заработил 100 илјади долари. Ова не е првпат тој да ги „дере“ своите соиграчи и членовите на стручниот штаб. На некои од нив не им доаѓа памет, па се обложуваат дека нема да погоди од центар и исто така губат големи суми.


