Екипата на Кливленд Кавалирс продолжува со својата магична серија во новата сезона од НБА лигата.
Ноќеска, Кавс како гости го победија Чикаго со 119-113 и дојдоа до 12. победа по ред и сега имаат биланс 12/0 што е шести најдобар старт во историјата на НБА. Рекордот го држи Голден Стејт Вориорс од сезоната 2015/16 и тој изнесува 24/0 што значи дека Кливленд сега е на половина пат од тоа достигнување.
Интересно е тоа што, како и на неколку натпревари претходно, Кливленд повторно беше во негатива, сега од девет поени во третата четвртина, но и во тие моменти сите беа свесни дека гостинскиот тим е способен да направи пресврт. Се разигра Донован Мичел, па Кавс направија серија од 15-2 и уште пред крајот на тој период го презедоа водството. Кон средината на последниот квартал Чикаго израмни во два наврата, но немаше сили да ја прекине серијата на противникот.
И покрај тоа уште не е ни во топ-3 според најдобриот старт во сезоната, Кливленд е првиот тим во историјата на НБА кој во првите 12 натпревари имал просек од 105 постигнати поени. Со тоа моментно е лидер во лигата, прв е според процентот на шут за два и три поени, четврти по бројот на украдени топки и петти по асистенциите.
Синоќа најефикасен беше Мичел со 36 поени, а далеку зад него останаа соиграчите Гарланд и Мобли со 18, односно 17. Кај Чикаго, прв стрелец беше Лавин со 26 постигнати поени.
РЕЗУЛТАТИ
Чикаго – Кливленд 113-119
Хјустон – Вашингтон 107-92
Њу Орлеанс – Бруклин 105-107
Оклахома – ЛА Клиперс 134-128
Сан Антонио – Сакраменто 116-96


