Екипата на Денвер Нагетс славеше во уште еден меч на Флорида откако ноќеска го совлада Орландо со 113-100.
Одлучувачка беше третата четвртина која шампионот од 2023 година ја доби со 39-25 и по три четвртини направи предност од 16 разлика. Тоа му овозможи на тренерот Мајк Мелоун да одмори дел од главните играчи, па Јокиќ воопшто не влезе во игра во последните 12 минути.
На српскиот ас повторно му беа потребни само три четвртини за да дојде до нов трипл дабл, негов 18. во сезоната, постигнувајќи 20 поени, 14 скока и 10 асистенции. Џамал Мареј додаде 19, а Портер 15 поени во победничкиот тим. На спротивната страна, Картер постигна 16 поени и 14 скока.
Денвер со овој триумф го продолжи притисокот врз третопласираниот на табелата во Западната конференција Мемфис, а ни вториот Хјустон не е далеку бидејќи разликата е само две победи.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Сан Антонио 128-107
Орландо – Денвер 100-113
Оклахома – Бруклин 127-101
Милвоки – Филаделфија 123-109
Сакраменто – Вашингтон 123-100
Портланд – Чикаго 113-102
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 116-102


