Најдобриот тим во НБА, Кливленд Кавалирс го доживеа првиот пораз во сезоната, дури во 16. натпревар.
Крај на серијата стави шампионот Бостон Селтикс кој на домашен терен славеше со 120-117. Кливленд имаше 21 поен негатива во третата четвртина (50-71), но потоа направи огромен пресврт и поведе со 86-84. Се чинеше дека спектакуларната серија ќе продолжии по овој меч, но повеќе од тоа, Кавс не можеа и на крајот му честитаа на својот ривал.
Само уште три екипи порано успеале да ја почнат сезоната со 15 или повеќе победи во серија: Вашингтон Капитолс во 1949, Хјустон Рокитс во 1994 и Голден Стејт Вориорс во 2016 година и секој од нив подоцна стигнувал барем до финалето. Од нив, само Хјустон подоцна ја освојувал шампионската титула.
На синоќешниот меч, Џејсон Тејтум со 33 поени, 12 скока и 7 асистенции беше најдобар во победничкиот тим, додека Донован Мичел со 35 поени го предводеше Кливленд.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Кливленд 120-117
Бруклин – Шарлот 116-115
Мемфис – Денвер 110-122
Далас – Њу Орлеанс 132-92
Сан Антонио – Оклахома 110-104
ЛА Лејкерс – Јута 124-118


