Легендарниот шпански кошаркар Руди Фернандес не можеше да го доигра натпреварот против Грција и покрај тоа што имаше неколку блескави моменти со кои ја одржа во игра својата репрезентација.
На нешто повеќе од пет минути пред крајот на натпреварот, довчерашниот играч на Реал се обиде да го запре противничкиот кошаркар Толиопулос, но се лизна и со главата удри во коленото на Хуанчо Ернангомес. Фернандес веднаш доби лекарска помош и мораше да го напушти теренот, а потоа, со поддршка на лицата од медицинскиот тим замина во соблекувална.
Информациите во шпанските медиуми велат дека Руди имал силна вртоглавица, а не е изненадување и да добил потрес на мозокот што подоцна ќе се анализира.


