И во дуелот со најблискиот предизвикувач, Бостон Селтикс потврди дека е најсилна екипа во Источната конференција.
На домашен терен, најтрофејниот тим во лигата славеше против Милвоки со 122-119 за седма победа по ред и 18. во последните 20 натпревари. На 13 меча до крајот на основниот дел од сезоната, Бостон има 11 победи повеќе во однос на Бакс што значи дека му недостасуваат само уште две за официјално да го завери првото место пред плејофот.
Селтикс имаа предност во текот на целиот меч, во еден период таа изнесуваше 21 поен, но победникот се решаваше во последните моменти. Тандемот Лилард-Портис во последната четвртина постигна 25 поени и на половина минута пред крајот го донесе Милвоки на само два негатива (114-116). Сепак, Тејтум и Браун не дозволија пресврт, беа мирни од линијата за слободни фрлања и ја продолжија победничката серија на Бостон.
Тејтум беше најефикасен кај Бостон со 31 поени, Вајт постигна 23, а Браун 21, додека во отсуство на Адеткоунбо, Лилард го предводеше Милвоки со 32 поена и 60% успешност од игра.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Мајами 104-107
Детроит – Индијана 103-122
Бостон – Милвоки 122-119
Торонто – Сакраменто 89-123
Оклахома – Јута 119-107
Голден Стејт – Мемфис 137-116
Феникс – Филаделфија 115-102
Портланд – ЛА Клиперс 103-116


