Екипата на ТФТ е со максимален ефект по две кола од домашното првенство откако синоќа по голема борба славеше на гостувањето во Гостивар.
Во текот на мечот, тимот од Тафталиџе имаше и 14 поени негатива, но успеа да ја достигне и победникот се решаваше во последните секунди.
Херој на ТФТ е еден од играчите со најдолг стаж во екипата Страхил Николов кој со истекот на времето ја круниса одличната акција на неговиот тим.


