Екипата на Њујорк Никс беше 29 секунди оддалечена од пласманот во полуфиналето на Источната конференција.
Во таа фаза од петтиот меч против Филаделфија, Никс водеа со 96-90 и се чинеше дека серијата се ближи кон крајот. На сцена потоа стапи Тајрис Макси кој во следните 25 секунди постигна четири поени, потоа Харт реализира едно од двете слободни фрлања за домашниот тим за 97-94, а Макси на 8,5 секунди пред крајот погоди тројка од голема далечина за израмнување на резултатот. Во последниот напад од основниот дел Батум го изблокира Брансон и натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните пет минути, Њујорк отвори со пет поени, но Филаделфија возврати со девет по поред и на крајот славеше со 106-102 за 2-3 во серијата и враќање во Пенсилванија каде ќе се игра шестиот меч.

Макси беше убедливо најдобар играч на натпреварот со постигнати 46 поени, 9 асистенции и 5 скока, но голем придонес имаше и Ембид кој реализира трипл дабл со 19 поени, 16 скока и 10 асистенции. Брансон беше прв стрелец на Њујорк со 40 поени.
За разлика од Западната конференција, каде се познати три од четирите полуфиналисти, на Истокот се уште нема ниеден учесник во втората фаза од плејофот. Бостон води со 3-1, а на останатите три серии, резултатот е 3-2.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Филаделфија 106-112
Кливленд – Орландо 104-103
Милвоки – Индијана 115-92


