Европскиот вицешампион Реал Мадрид доживеа уште еден шок во Евролигата откако вечерва загуби од еден од најслабите тимови во оваа конкуренција Асвел.
Французите на домашен терен славеа со 80-78, а кошот за победа беше постигнат со истекот на времето. При нерешен резултат, Парис Ли погоди од тешка позиција за еуфорија на трибините.
PARIS LEE SAID ENOUGH IS ENOUGH AGAINST REAL MADRID 😱pic.twitter.com/iy3CmjRXx0
— BasketNews (@BasketNews_com) December 3, 2024
Реал со ова ја прекина мини-серијата од две победи во Евролигата и го претрпе седмиот пораз во сезоната како последица на што падна на 12. позиција на табелата. Асвел е веднаш зад него со биланс 5/8.


