Партизан вчера убедливо го совлада ФМП во рамките на АБА лигата, но и високото водство во текот на мечот не беа доволни Жељко Обрадовиќ да остане мирен на клупата и покрај аут-линијата.
При водство од 77-55, трофејниот стручњак повика тајм-аут, а потоа жестоко се развика по некој од своите играчи. И не само што викаше, туку и го навредуваше, а останува дилемата дали тоа се однесуваше на Балша Копривица или младиот Митар Бошњаковиќ.
Ко сеје мржњу #kkcz pic.twitter.com/ah32KWaJAI
— aky (@Akyczbg) November 5, 2024
„Што ме гледаш, глупак еден… Што е прва работа во одбрана, каде ја носиш топката?“, грмеше Обрадовиќ, притоа дури и пцуејќи.
Ова не е прв, а секако нема да биде ни последен пат тренерот на Партизан вака да се однесува кон своите кошаркари. Интересно е тоа што најчесто цел му се српските кошаркари, лани најчесто на удар беше Алекса Аврамовиќ, а оваа сезона викаше по Алексеј Покушевски и Бошњаковиќ или Копривица.


