Екипата на Оклахома Сити Тандер продолжува по старо и во новата година и се чини дека не постои сила која може да ја запре.
Ноќеска, лидерот во Западната конференција го прегази Лос Анџелес Клиперс со 116-98 за 13. победа во низа, ако се изземе поразот од Милвоки во финалето од НБА купот. По релативно лошото прво полувреме кое го загуби со 48-52, Оклахома заигра одлично во третата четвртина, ја доби со 42-20 и тука ги реши сите дилеми околу победникот.
Без Харден во тимот, Клиперс немаа сили да му се спротивстават на противникот кој изгледаше мошне расположено и моќно во второто полувреме. По дебаклот од Сан Антонио на новогодишната ноќ, ова е втор убедлив пораз за тимот од Лос Анџелес кој падна на седмата позиција на табелата во Западната конференција.
Гилџес-Александер уште еднаш потврди дека е легитимен кандидат за МВП признанието, постигна 29 поени за точно 30 минути на теренот. Кофи со 26 поени го предводеше Лос Анџелес Клиперс.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Индијана 115-128
Минесота – Бостон 115-118
Милвоки – Бруклин 110-113
Оклахома – ЛА Клиперс 116-98
Голден Стејт – Филаделфија 139-105
ЛА Лејкерс – Портланд 114-106


