Тешката дефанзивна битка помеѓу Оклахома Сити Тандер и Бостон Селтикс резултираше со победа на домашниот тим од 105-92. Со тоа продолжи победничката серија на Оклахома која сега импресивни 15 натпревари и е најдолга во историјата на франшизата.
Малку се екипите на врвот на НБА кои оваа сезона можат да ѝ парираат на Оклахома, а актуелниот шампион е еден од нив. Тоа беше видливо на почетокот на натпреварот, кога Селтикс рано поведоа најмногу благодарение на одличниот Џејлен Браун, кој имаше одлично прво полувреме, завршувајќи со 21 поен при шут од игра 8/12. Дуото Браун-Тејтум, како и обично, беше ефективно во текот на целиот натпревар. И покрај тоа што постигнаа вкупно 32 од 65. поени на нивниот тим во првото полувреме, второто полувреме беше поинаква приказна. Бостон на полувреме имаше висока предност од 65-55 за во вториот дел сето тоа да се смени.
Доцната серија во третата четвртина започна со тројка од аголот на Лу Дорт, по што следеше кош на Гилџес-Александер во последните секунди од нападот и потоа неколку офанзивни скокови. Пртесвртот дојде во последната четвртина, а изненадување беше тоа што клучните поени ги постигнаа играчи кои не се меѓу ѕвездите во тимот. Кејсон Валас реализира четири поени, а Вилијамс погоди од линијата за слободни фрлања. Тогаш на сцена стапи Гилџес-Александар кој постигна поени во низа и го блокираше Тејтум, па Оклахома отиде на +9 што се покажа како недостижна предност. Последната четвртина Оклахома ја доби со 29-12, а во цело второ полувреме Бостон постигна само 27 поени.
Најефикасен беше Гилџес-Александер со 33 поени, плус 11 скока и 6 асистенции, а кај Бостон, Тејтум постигна 29 поени. Пред Селтикс е уште едно тешко гостување, кај Денвер Нагетс.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт – Сакраменто 99-129
Хјустон – ЛА Лејкерс 119-115
Орландо – Јута 92 -105
Кливленд – Шарлот 115-105
Вашингтон – Њу Орлеанс 98-110
Оклахома – Бостон 105=92


