Иако во својата репрезентација има голем број мегаѕвезди, пред се Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ, кошаркарот на Мајами Хит, Никола Јовиќ јавно призна дека еден од двајцата негови омилени кошаркари е Македонец.
Во обраќање кон Ратко Варда, тој истакна дека му се воодушевувал нему и на претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ кои ги почитувал и како играчи и како личности.
Интересно е тоа што и Варда беше македонски репрезентативец пред 8-9 години, но не играше за нашиот национален тим на официјални натпревари.

