Далас Маверикс продолжи со одличните резултати во основниот дел од сезоната откако синоќа го победи Шарлот со 130-104 како гостин.
Во главна улога поввторно беше Лука Дончиќ кој оствари нов трипл дабл, постигнувајќи 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, но поважно од тоа, го собори рекордот на Далас Маверикс по бројот на поени во една сезона. Досегашниот го држеше Марк Агире од сезоната 1983/84 и тој изнесуваше 2.330, додека Дончиќ со синоќешниот еефект дојде до бројката од 2.334. Далеку зад него сега е Дирк Новицки чија најдобра сезона е 2005/06 со 2.151 поен, а Дончиќ има уште три меча дополнително да го подобри својот биланс и да стане првиот со над 2.400 поени.
Покрај Словенецот, кај Далас се истакнаа уште Даниел Гафорд со 26 поени, како и Кајри Ирвинг со 18 поени, 8 скока и 9 асистенции.
With his seventh 3-pointer of the game at the 10:04 mark of the third quarter, Luka Dončić has reached 2,332 points on the season and surpassed Mark Aguirre's single-season franchise scoring record (2,330 in 1983-84). pic.twitter.com/irkik0DaKQ
— Mavs PR (@MavsPR) April 10, 2024
На три меча пред крајот на основниот дел од сезоната, Мавс го обезбедија пласманот во плејофот бидејќи имаат три победи повеќе од Феникс кој е на седмата позиција на табелата во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Далас 104-130
Филаделфија – Детроит 120-102
Торонто – Индијана 123-140
Атланта – Мајами 111-117
Милвоки – Бостон 104-91
Чикаго – Њујорк 117-128
Хјустон – Орландо 118-106
Мемфис – Сан Антонио 87-102
Минесота – Вашингтон 130-121
Оклахома – Сакраменто 112-105
Јута – Денвер 95-111
ЛА Лејкерс – Голден стејт 120-134
Феникс – ЛА Клиперс 92-105
Портланд – Њу Орлеанс 100-110


