Актуелниот МВП во НБА, Никола Јокиќ имаше уште едно одлично издание, но тоа повторно не му донесе победа на Денвер.
Шампионот од 2023 година загуби на гостувањето кај Портланд со 124-126 откако претходно успеа да достигнат негатива од 19 поени. На околу 17 секунди пред крајот, Јокиќ го израмни резултатот, но на домашниот тим му остана доволно време за да организира акција за победа. Одговорноста ја презеде Енферни Сајмонс кој доби изолација со Вестбрук и успеа лесно да го помине времето и да положи со звукот на сирената.
Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени и одличен шут од игра (13/18), а имаше помош од Мареј кој реализира 24 поени и 10 асистенции. На спротивната страна Сајмонс застана на 28 поени и 10 асистенции, додека Шарп постигна 27 поени.
Од другите натпревари, за издвојување е ефектот на Виктор Вембанјама кој во победата против Атланта со 133-126 постигна 42 поена, поразот на Бостон на домашен терен од Чикаго со 108-117, како и дебаклот на Голден Стејт со 51 поен разлика.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Јута 119-126
Орландо – Оклахома 99-105
Вашингтон – Шарлот 123-114
Бостон – Чикаго 108-117
Торонто – Бруклин 94-101
Хјустон – Њу Орлеанс 133-113
Мемфис – Голден Стејт 144-93
Сан Антонио – Атланта 133-126
Далас – ЛА Клиперс 95-118
Феникс – Индијана 111-120
Минесота – Њујорк 107-133
Портланд – Денвер 126-124
Сакраменто – ЛА Лејкерс 100-113


