Навивачите на Олимпијакос му приредија неверојатно добредојде на Перо Антиќ на вечерашниот спектакл во Пиреја, во чест на Јоргос Принтезис.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија е еден од гостите на Принтезис, како негов поранешен соиграч, а откако беше најавен од официјалниот спикер, доби овации од над 15 илјади фанови во арената „Мир и пријателство“.
Тие почнаа да го скандираат неговото име, а целата ситуација можеби ќе траеше и подолго ако Антиќ не ги запреше со говор во чест на славеникот. Свеченоста беше поради повлекувањето на дресот со бројот 15 на Олимпијакос кој го носеше Јоргос Принтезис. Антиќ и Принтезис играа заедно во Олимпијакос од 2011 до 2013 година и, меѓу другото, освоија две титули во Евролигата,


