Американскиот интернационалец Фреди Гилеспи предизвика скандал во австралиското првенство откако за време на натпревар со глава удри противнички кошаркар.
Крајот на минатата сезона Гилеспи го дочека во тимот на Црвена Звезда, а потоа се пресели во Нов Зеланд каде сега е член на Брејкерс. Оваа екипа играше пријателски меч со австралискиот Сиднеј Кингс, а Гилеспи, веројатно испровоцицран од Шон Брус, тргна кон него и го патосира.
Малку недостасуваше да дојде до поголем инцидент, но притрчаа останатите кошаркари кои ја смирија ситуацијата.


