Ненад Димитријевиќ повторно е во центарот на вниманието на италијанската кошарка откако синоќа растури против Реал Мадрид.
Со 22 поена постави личен рекорд во Евролигата, а со оглед на тоа што досегашниот најдобар ефект од 15 поени му беше остварен против Басконија, јасно е дека шпанските клубови му лежат што не е изненадување ако се знае дека таму ја почна професионалната кариера.
Од 22 поена, Димитријевиќ 12 постигна со тројки, а Олимпија Милано дојде до третата победа сезонава во Евролигата.


