Уште долго љубителите на кошарката во Полска ќе го памтат Ненад Димитријевиќ и неговото издание на денешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Македонскиот репрезентативец и кошаркар на Уникс си поигруваше со противничките играчи и ја „пробуши“ одбраната на полската селекција. Не се најде никој што може да го запре, па Димитријевиќ забележа еден од најдобрите настапи на македонски кошаркар во националниот тим во историјата.
Натпреварот го заврши со 32 поена, 8 скока и 8 асистенции за индекс 33, највисок на натпреварот во Сосновиец.


