Драган Лабовиќ е еден од странските кошаркари кои последната деценија оставија трага во македонската кошарка, а играше во земјава кога имавме два претставника во АБА лигата.

Во сезоната 2016/17, српскиот крилен центар беше член на Карпош Соколи со кого триумфираше во Купот на Македонија и стигна до финалето од плејофот во кој неговиот тогашен тим загуби од МЗТ Скопје со 2-3. Лабовиќ тогаш имаше фантастична сезона и беше еден од најдобрите во лигата, а во земјава дојде со имиџ на одличен реализатор. Своевремено важеше и за голем талент на српската кошарка, имајќи предвид дека ги помина сите младински селекции и со само 16 години стана првотимец во ФМП Железник.
DRAGAN LABOVIĆ!
Ceo razgovor sutra od 21h na YouTube kanalu #jaomilepodcast pic.twitter.com/yX4Bhyf5GS— Jaomile podcast (@mileilic) February 25, 2025
По подолго време, Лабовиќ се појави во јавноста во поткасот „Јао, Миле“ и слободно може да се каже дека е физички непрепознатлив, со многу килограми повеќе. Во меѓувреме, по заминувањето од Македонија и завршувањето на професионалната кариера, имаше проблеми со законот затоа што беше уапсен поради кражба на такси возило и потоа заврши во психијатриска установа.
Лабовиќ не крие дека секогаш имал неволји поради својот темперамент што кулминираше во 2012 година кога јавно го нападна тогашниот селектор Душан Ивковиќ за кого рече дека не е тренер, туку кошаркарски филозоф, а сето тоа поради фактот што не се најде на списокот на играчи за Европското првенство во 2013 година.


