Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Индијана одиграа еден од најефикасните натпревари последните години и постигнаа вкупно 295 поени на меѓусебниот дуел.
Триумфираше домашната екипа со 150-145, а 150. постигнати поени се најмногу за Лејкерс во последните 37 години, односно по 2 јануари 1987 кога го совладаа Феникс со 155-118. Освен ефикасна игра, натпреварот понуди и драматика бидејќи се решаваше во последните секунди и покрај тоа што Лејкерс во третата четвртина водеа со 19, а во последната влегоа со 17 поени предност.
Пејсерс се разиграа во последниот период, постигнаа 46 поени со шут од игра 64,3% и 8/12 за тројка и на нешто помалку од 22 секунди пред крајот се доближија на само три поени негатива. Во следниот напад Динвиди погоди едно слободно фрлање, Халибартон промаши шут за тројка, а Пејсерс не го искористија ни дополнителниот напад по офанзивниот скок на Сијакам, па Редиш стави точка на мечот од пенал-линијата.
Дејвис и Сијакам со по 36 поени беа најефикасни играчи на мечот, двајцата имаа и двоцифрен број скокови (16, односно 13), а се истакна и Леброн Џејмс со 26 поени, 10 асистенции и 5 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Њу орлеанс 101-114
ЛА Клиперс – Филаделфија 107-121
Мајами – Кливленд 121-84
Минесота – Голден Стејт 114-110
Милвоки – Оклахома 118-93
ЛА Лејкерс – Индијана 150-145


