Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Диерон Фокс постави нов рекорд по бројот на постигнати поени сезонава во НБА лигата откако броеше до 60 во поразот на неговиот од Минесота со 126-130 по продолжение.
Претходниот рекорд го држеше Јанис Адетокунбо, а беше поставен пред само два дена кога грчкиот кошаркар постигна 59 против Детроит. Фокс беше особено расположен во последната четвртина и продолжението, период во кој реализира вкупно 26 поени или вкупно речиси половина од вкупниот број.
Меѓу другото, неговите 60 поени се рекорд на франшизата која постои од 1923 година, формирана е во Рочестер, а ги носела и имињата Синсинати Ројалс и Канзас Сити Кингс. Досегашното најдобро остварување го имаше Џек Твајман од далечната 1960 година кога тимот играше во Синсинати, а изнесуваше 59 поени. Ако се земе предвид само периодот во Сакраменто, каде тимот се натпреварува од 1985 година, најдобар ефект досега имаше Демаркус Казнс од 2016 кога постигна 56 поени.


