Играчот на Сакраменто Кингс, Диандре Фокс оствари рекорд на кариерата со 44 поени во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс.
Кингс славеа со 130-120, а покрај Фокс, блескаше и Домантас Сабонис кој го оствари својот 22. трипл-дабл сезонава, постигнувајќи 16 поени, 20 скока и 12 асистенции. Меѓу другото, ја продолжи доминацијата над Ентони Дејвис, против кого има 9-0 во меѓусебните дуели. Кошаркарот на Лејкерс на синоќешниот меч постигна 14 поени, 11 скока и 3 асистенции за 34 минути во игра.
Литванецот и натаму е на чело на НБА лигата по бројот на одиграни трипл-дабл натпревари оваа сезона, а го оствари и 44. дабл-дабл во низа што е рекорд на Кингс и една од најдолгите серии во историјата на НБА. Сепак, не оди целата заслуга кај него бидејќи најефикасен играч на натпреварот беше Диерон Фокс со 44 поени со шут од игра 19/32.
Сакраменто дојде до победата благодарение на втората четвртина која ја отвори со 21-3, а ја доби со 44-20 за водство од 72-57 по 24 минути игра. Во натамошниот дел од мечот, Лејкерс не успеаја да се симнат на едноцифрена негатива.
Најдобар играч на Лејкерс беше Леброн Џејмс со 31 поени и 13 асистенции, а изненади Хачимура кој постигна 29 поени. Ова беше директен дуел за пласман во плеј-офот, но двете екипи и натаму имаат шанса да завршат меѓу првите шест и да го избегнат плеј-инот бидејќи до крајот остануваат уште 20 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Орландо 109-119
Атланта – Кливленд 112-101
Хјустон – ЛА Клиперс 116-122
Филаделфија – Мемфис 109-115
Јута – Чикаго 117-119
Голден Стејт – Милвоки 125-90
Портланд – Оклахома Сити 120-128
ЛА Лејкерс – Сакраменто 120-130


