Поранешниот европски шампион Партизан и неговите навивачи уште еднаш покажаа дека се различни од останатиот кошаркарски свет и дека имаат посебна култура.
Цела арена околу три минути синоќа му скандираше на Жељко Обрадовиќ, нешто што никаде досега не е видено на кошаркарските терени. Тие емоции го погодија и долгогодишниот помошник и кум на Обрадовиќ, Владимир Андроиќ кој не можеше да ги задржи солзите и се расплака додека седеше на своето место.
Со победата против Анадолу Ефес, Партизан само го круниса сето она што се случуваше во пресрет на натпреварот и покажа колку е важна поддршката од навивачите.


