На сите им беше јасно дека одлуката на Лејкерс да го изберат Брони Џејмс на драфтот беше повеќе од маркетиншки карактер и да му удоволат на неговиот татко Леброн.
Сепак, изгледа дека помладиот Џејмс е решен да се избори за својот имиџ, па ноќеска ја одигра својата партија на кариерата, не само професионалната, туку воопшто кошаркарска. Иако станува збор за натпревар од Развојната лига, не е за потценување фактот што Брони во дуелот со Вејли Санс (филијала на Феникс) постигна 30 поени за 25 минути на паркетот.
Bronny James went OFF tonight🔥
— NBACentral (@TheDunkCentral) December 13, 2024
(🎥 @swishcultures_) pic.twitter.com/diQv5eNQIj
Санс го победија Саут Беј со 106-100, но Брони покажа дека е подготвен за големи дела и дека ако ја добие довербата, може да одигра на високо ниво. Погоди 10/14 за два, 3/9 за три и 1/3 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште две асистенции и по една украдена топка и блокада.
Интересно е тоа што на спротивната страна беше синот на поранешниот плејмејкер на Јута Џез, Џон Стоктон. Но, Дејвид Стоктон, за разлика од Брони Џејмс повеќе е на залез на кариерата бидејќи има 33 години, а во НБА одигра само шест меча, по три за Сакраменто и Јута.


