Еден од највозрасните кошаркари во НБА оваа сезона Крис Пол во текот на летото си замина од Голден Стејт и го засили Сан Антонио каде треба да му помогне во развојот на Виктор Вембанјама.
Дека во Тексас се раѓа пеколен тандем, можеше да се забележи на синоќешниот меч против Орландо на кој Спарс славеа со 107-97.
CHRIS PAUL FIRST ALLEY-OOP TO VICTOR WEMBANYAMA 🔥🔥 pic.twitter.com/AfGtMetRet
— CP3REGION (@cp3region) October 10, 2024
Пол и Вембанјама имаа неколку одлични акции меѓу кои најспектакуларна беше онаа пред крајот на првата четвртина која ја заврши Французинот со забивање откако доби цепелин од својот повозрасен соиграч.


