Кошаркарите и стручниот штаб на Црвена Звезда имаа многу забелешки на судењето на вечерашниот натпревар против Жалгирис, особено во клучните моменти кога имаше неколку одлуки на штета на српскиот клуб.
Една од нив го изнервира тренерот на Звезда, Јанис Сферопулос кој се одлучи на еден интересен и несекојдневен потег – да вложи писмена жалба среде натпревар. На околу шест минути пред крајот на мечот, Ален Смаилагиќ тргна на забивање и притоа со лакт го удри противничкиот играч, а свој сонародник Никола Калиниќ во лицето. Место фаул за Калиниќ, арбитрите го признаа кошот и досудија лична грешка од кошаркарот на Црвена Звезда, па Смаилагиќ доби и слободно фрлање.
Тоа го изнервира Сферопулос кој прво побара челенџ, а откако судиите останаа на својата одлука и заклучија дека нема лична грешка во напад, грчкиот стручњак вложи и жалба.
Во финишот имаше уште најмалку две спорни ситуации и одлуки на штета на Звезда. Првата беше по тројката на Кенан која судиите ја признаа, но не му дадоа и лична грешка, туку досудија техничка за него поради флопинг. Втората беше на 53 секунди пред крајот кога на Недовиќ му беше досудена лична грешка во напад откако му фрли цепелин на Плавшиќ, а центарот на Звезда ја заби топката.


