Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан одигра неверојатна четвртина против Олимпија Милано.
Во првите десет минути, Американецот погоди седум тројки што е нов рекорд по бројот на погодени удари од дистанца во една четвртина на натпреварот од Евролигата. Да биде уште поинтересно, промаши само еднаш, а воведниот период го заврши со 21 постигнат поен.
Running out of words to describe this man, just sit back and enjoy 🔥 pic.twitter.com/PWPCCfvQ4M
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 17, 2024
Тоа не е единствениот рекорд кој го собори на овој меч. Нан сега е рекордер по бројот на постигнати поени во првата четвртина, најдобар стрелец во една четвртина во историјата на Панатинаикос и се изрмани со Тони Даглас по бројот на постигнати во една четвртина (која било).


