Духот на Стеф Кари синоќа влезе во Немања Недовиќ, во второто полувреме од дуелот против Будуќност во Подгорица.
Црвена Звезда славеше на жешкиот терен во „Морача“, а најзаслужен за тоа беше 33-годишниот бек кој имаше свое шоу. Мечот го заврши со шест тројки, сите во второто полувреме, вклучувајќи ја најважната, за водство од 72-71 на влезот на последната минута.
Навредите од трибините очигледно дополнително го мотивираа популарниот Неда кој од почетокот на оваа сезона игра како во своите најдобри денови.


