Кошаркарот на Филаделфија 76 Жоел Ембид не го дочека крајот од синоќешниот меч против Сан Антонио бидејќи беше испратен во соблекувална на околу две минути пред крајот на првото полувреме.
Тој ја нападна судијката Џенифер Шредер затоа што не му се допадна една нејзина одлука, прво вербално, а потоа сакаше и физички да се пресмета иако е „двојно“ поголем од неа. Откако ѝ се внесе в лице, Камерунецот со американски пасош доби техничка грешка што дополнително го изнервира и тргна кон неа, па мораа да се вмешаат соиграчите и членовите на стручниот штаб за да не направи поголема глупост.
Joel Embiid has been ejected for the second time in his career. pic.twitter.com/4ziLzv7S3V
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 24, 2024
Како резултат на тоа, Ембид доби и втора техничка грешка и мораше да замине во соблекувална. И без него, Филаделфија дојде до победа од 111-106.


