Екипата на Партизан загуби од Баерн на домашен терен во рамките на Евролигата и тоа предизвика огромен револт кај навивачите на белградскиот клуб.
Веднаш по мечот, тие вербално ги нападнаа кошаркарите и ако не беше обезбедувањето и полицијата, веројатно ќе дојдеше и до физичка пресметка меѓу нив. Критиките и навредите не можеше да ги истрпи полскиот репрезентативец Матеуш Понитка кој дури тргна да се тепа со еден од навивачите.
„Чиј грб носите, бре“, грмеа лутите фанови додека кошаркарите, со помош на полицијата, се обидуваа да се пробијат кон соблекувалната.
Сето тоа беше испратено со свирежи и навреди од трибините, а прошка не добија ниту домашните кошаркари кои се миленици на навивачите. За Партизан ова беше петти пораз по ред, сметајќи ги сите натпреварувања и сето тоа во период од само десетина дена. Во оваа серија имаше неколку срамни изданија на „црно-белите“, пред се оној меч против Сплит на домашен терен во АБА лигата по кој играчите на Партизан со свирежи беа испратени од своите навивачи.


