Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс одиграа еден од најубавите натпревари сезонава во НБА и победникот го одлучија по 58 минути игра.
Славеа гостите со 128-124 и покрај тоа што во последната четвртина имаа дури 19 поени негатива (75-94). Се чинеше дека се е решено, особено поради тоа што кај Лејкерс го немаше Леброн Џејмс, но следуваше еден од најспектакуларните завршници во лигата.
До крајот, тимот од Лос Анџелес направи 26-5 и го одведе мечот во продолжение. Пред крајот на првото дополнување, Милвоки повторно беше пред победа бидејќи по тројката на Лилард поведе со 117-116 за Расел во последниот напад да погоди едно слободно фрлање за израмнување и ново продолжение. Во него, херој беше Остин Ривс кој погоди тројка на 40 секунди пред крајот за 124-121, а по промашените слободни фрлања на Адетокунбо оствари клучен скок во одбраната.
Ривс оствари трипл дабл на кариерата со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции, но огромна помош имаше од одличниот Ентони Дејвис кој постигна 34 поени и 23 скока, како и на Расел кој реализира 29 поени, 12 асистенции и 7 скока. Адетокунбо го предводеше Милвоки со 29 поени, 21 скок и 11 асистенции.
За Лејкерс ова беше четврта победа во низа и сега е многу блиску до обезбедување пласман во плејинот, додека Милвоки и покрај поразот е сигурен на втората позиција на Истокот.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Голден Стејт 92-113
Милвоки – ЛА Лејкерс 124-128
Њу Орлеанс – Оклахома 112-119
Сакраменто – Далас 96-132


